„На убавиот син Дунав“ го слави 150. роденден

Од:

По повод 150. јубилеј на светски популарното музичко дело „На убавиот син Дунав“ на композиторот Јохан Штраус помладиот, во Виена се организираат мноштво манифестаци, вклучувајќи и изложби, претставувања на семејната историја на Штраус, концерти и друго, соопштија виенските власти.

Во библиотеката на собранието на градот Виена е поставена изложбата „Дунав, толку син – 150 години од ’На убавиот син Дунав’ на Јохан Штраус“. Посетителите до 12 мај ќе можат бесплатно да ја погледаат изложената збирка плакати, ноти, списи, приватни писма и други печатени документи, со претставување на семејната историја на династијата Штраус и музичката историја на валцерот.

Во музејот на семејството Штраус во Виена, што ја претставува семејната историја и творештвото на Штраус, покрај постојаната поставка посетителите ќе можат да ја видат и изложбата „150 години на валцерот – На убавиот син Дунав“, која ја прикажува историјата на најизведуваното музичко дело на светот.

Во „Куќата на музиката“ посетителите ќе имаат единствена можност да се испробаат во улогата на виртуелни диригенти на овој познат валцер и да диригираат со оркестарот на Виенската филхармонија, со инструкции од маестрот Зубин Мехта.

„На убавиот син Дунав“ или „Дунавски валцер“ премиерно бил изведен на 15 февруари 1867 година како композиција за хор и веднаш предизвикал воодушевување кај публиката.

Денеска „Дунавски валцер“ се изведува главно како валцер за оркестар.

„На убавиот син Дунав“ е неизоставан дел од репертоарот на Новогодишниот концерт и Оперскиот бал во Виена, а послужил и како мотив за филмови, ревии, театарски претстави, романи, па дури и стручна литература.

Секоја година на полноќ на преминот во Новата година во Виена се изведува „Дунавски валцер“. Оваа композиција се смета за некрунисана химна на Австрија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска