Во рамки на Скупи фестивалот вечерва на сцената во Куршумли Ан ќе настапи Косовскиот национален театар со претставата „Будење на пролетта“. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот.
Вчера вечер во официјалниот дел се претстави Сараевскиот воен театар со претставата „Целата моја љубов“.
Фестивалот завршува на 22 овој месец, а покрај официјалниот дел, има и придружна програма.
Поради пандемијата со Ковид-19, фестивалот се одржува во согласност со здравствените протоколи, а за публиката е задолжително носењето на заштитна маска.