„На отворено“ – нова премиера на малата сцена во НУ Театар Комедија

Од:

„На отворено“ е најновата премиера во НУ Театар Комедија, во режија на Андреј Цветановски, која ќе биде реализирана на малата сцена во овој театар. Оваа претстава е работена според драмскиот текст на Мрожек, „На отворено море“.

„На отворено“ е едночинка која зборува за гладта, во секоја смисла на зборот. За борбата за моќ и за начините да дојдеш до неа, како и за тоа каков ќе излезеш како човек од таа борба. Еден шекспиријански заплет, погледнат низ комична призма. Горка комедија, за време на која смеата ти застанува во грло“ – ни изјави режисерот Цветановски.

„Годинава ова ни е прва премиера од планираните пет премиери. Ме радува фактот што ова е втора претстава што ќе се игра на малата сцена на Театар Комедија и што публиката покажува особен интерес за овој тип на претстави. Сè е подготвено за премиера и особено сум благодарен за максималната посветеност во работата на сите чинители на ова дело. Паралелно подготвуваме уште една нова претстава на големата сцена, која ќе има премиера во мај“, – ни изјави директорот Сашо Ристовски.

Во новата премиера „На отворено“ играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски.

Сценограф е Сергеј Светозарев, костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, драматург Дарко Јан Спасов, додека музиката ја направи Димитар Андоновски.

Претпремиерата е на 24 април (среда), а премиерата на 25 април (четврток) со почеток во 20 часот. Првата реприза е закажана на 6 мај.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“