На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Од:

Државната награда „11 Октомври“ за 2023 година денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Константинов.

Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

Прилеп го чествува 11 Октомври

Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Македонија останува на вистинската страна избирајќи го европскиот пат

Македонија одбележува 81 година од почетокот на антифашистичката борба

Катерина Ѓуровски