Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2018“ вечер продолжува со целовечерен концерт кој ќе го изведе италијанскиот пијанист Валерио Промурозо.
Од „Интерфест Битола 2018“ информираат дека Промурозо ќе изведе композиции за пијано од Шопен, Респиги и Скрјабин.
– Фестивалот завршува утревечер со концерт на исклучително квалитетното руско-италијанско дуо, виолинистката од Русија Елена Чверток и Силвија Муроло, пијанист од Италија. На програмата ќе бидат композиции од Тартини, Моцарт и Бетовен, истакна Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на фестивалот.
На 27. издание на „Интерфест Битола 2018“ кое секоја година се одржува од 2 до 12 октомври, и редовно во концертната сала на клавирите, годинава настапија уметници од 10 европски држави и САД.
Интернационалниот фестивал накласична музика „Интерфест“ се одржува под покровителство на Министерството за култура.