На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одбележува „Недела на италијански јазик во светот“

Од:

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе се одбележи Недела на италијански јазик во светот. Во знак на одбележување 700 години од смртта на „таткото на италијанскиот јазик“, Данте Алигери, на Факултетот ќе се одржи настан „Светот на Данте во колективната меморија – јазични и визуелни аспекти“.

Програмата предвидува и презентација на јазичната лабораторија на студентите на Катедрата за италијански јазик и литература, Дантеовска фразеологија за секој ден организирана од професор Јована Караникиќ Јосимовска. Ќе биде презентирана и сликата на „Пеколот“ и „Рајот“ во македонската културна традиција и во делото на Данте, а говор ќе одржи професор Ана Витанова Рингачева. Професорката Ева Ѓорѓиевска ќе одржи презентација за Данте во контекст на светската класична литература

Во пресрет на Неделата на италијански јазик во светот ќе бидат изложени и деветте кругови од гледна точка на теренско истражување на тема „Средновековна литература“. Ќе биде презентирана и изложба за „Божествена комедија“ како инспирација за уметничките вештини на децата, со учество на Здружемието за ликовни уметности и занаети „Nuova Visione”, во организација на професорките Анастасија Петрова и Милена Ристова -Михајловска, а во соработка со Еуроарт Академијата – Штип.

Би можело да ве интересира

Објавена книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“

Ана Ололовска

„Недела“ на Ермис Лафазановски објавена на руски

Ана Ололовска

Операта „Дрдорењата на Лапо“ премиерно на сцената на НОБ по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери

Ана Ололовска

Излезе од печат книгата „Бушава азбука на музиката“ на Соња Андонов

Ана Ололовска

Промоција на новата сликовница „Ши, ѕифри, копчи“ од Владимир Лукаш

Ана Ололовска

Операта „Дрдорењата на Лапо“ во НОБ по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери

Ана Ололовска