Од денеска до 6 ноември на Факултетот за драмски уметности-Скопје ќе се одржуваат интернационалните студентски средби „Скомрахи 2018“ со учество на студенти од aкадемиите и факултетите за драмски уметности од регионот и Европа.
Во шесте дена публиката ќе има можност да погледне филмови и претстави на студенти од Белград, Фрајбург, Загреб, Осиек, Сараево, Приштина и Скопје.
Фестивалот ќе го отворат студентите по актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности во класата на проф.Мими Таневска-Србиновска со претставата „ММЕ кој прв почна“ по текст на Дејан Дуковски.
Покрај главна програма, студентите од ФДУ ќе организираат и „СкомрахOFF“ – придружна програма со музика, дружење и алтернативни активности. Влезот на фестивалот е бесплатен.
-„Скомрахи“ првпат се одржаа во 1988 година како одговор на потребата на студентите да разменуваат искуства и знаења со други академии и факултети, а веќе прераснаа во уникатно фестивалско искуство за сите кои сакаат да ја поддржат студентската театарска и филмска сцена, соопшти ФДУ.