На Елена Пренџова ќе и биде врачена наградата „Даница Ручигај“

Од:

На поетесата Елена Пренџова денеска во Друштвото на писателите на Македонија ќе и биде врачена наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.

Наградата на Елена Пренџова и е доделена за стихозбирката „Политички коректна поезија“, објавена во издание на „Матица македонска“.

На свеченоста во ДПМ за творештвото на Елена Пренџова ќе зборуваат Санде Стојчевски, Марина Мијаковска и координаторот на Клубот на писателките, членки на ДПМ, Мирјана Стојановска.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Признанието годинава се доделува првпат.

Во образложението, селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, поетот и литературен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, пишува „Творечките особености и квалитети во новата поетска книга на Елена Пренџова ја зацврстуваат оваа суптилна и бескомпромисна поетеса во редот на најосведочените лиричарки што ја красат нашата поезија, од кои едно од првите места и припаѓа на незаборавната Даница Ручигај“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска