На „БитФест“ целовечерен концерт на „Битолски дувачки оркестар“

Од:

Битолскиот дувачки оркестар по долгогодишна пауза повторно се јавува на јавната музичка сцена во градот, информираат од општина Битола во пресрет на вечерашниот целовечерен концерт што ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ во овој град.

Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар е на иницијатива на професорот Марјан Бакревски кој по повеќе годишна работа во различни оркестри во САД како што се New England Philharmonic, Charls River Wind Ensamble, Wiener Kagran Musik, Dorfmusik Strebersdorf, k.u.k Regimentskapelle IR4. и други, се враќа во родната Битола и застанува на чело на овој оркестар, посочи Цветанка Ристевска, советник за односи со јавност.

Таа истакна дека на Битола како град со богата музичка традиција, долго време и недостасуваше дувачки оркестар. – Оркестарот кој некогаш постоел, денес во ново светло, со нови музички лица од кои зрачи љубов и емоција е реоформен од ентузијастот и капел мајстор на оркестарот Марјан Бакревски. Вечер на отворена сцена ќе бидат изведени дела од Штраус, Теике, Суза, Лехрман и други светски композитори, рече Ристевска.

Во рамки на „БитФест“ вечер во културниот центар „Магаза“ ќе биде одржан уште еден концерт на современ џез, а ќе настапат Иван Бејков, Александар Секуловски, Сашо Поповски и гостинот од САД Дејв Вилсон, професор по предметите саксофон, џез импровизација и џез ансамбли на Факултетот за Музичка Уметност при УКЛА Универзитет во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола