Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе бидат доделени наградите на 10-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.
Во чест на наградените, премиерно ќе биде прикажан филмот „Човек-сенка“ во режија на годинашниот лауреат Борис Геретс.
Холандско-францускиот филм е документарец за група пријатели од кои секој се соочува со сериозни физички и психолошки предизвици, преживувајќи низ мрачните улици во Фритаун, Сиера Леоне. Филмот во траење од 87 минути навлегува длабоко во животот на актерите, раскажувајќи приказна за хуманоста и достоинството во свет кој нуди многу малку утеха.