Оркестарот на Централниот конзерваториум на Кина вечер ќе одржи концерт во Македонската опера и балет.
На концертот, под диригенство на Ванг Фуѓијан ќе настапат и петорица солисти кои ќе свират на ерху (двожична кинеска виолина), дизи (кинеска флејта од бамбус), гучин, пипа и суона (кинеска обоа).
Оркестарот на Централниот конзерваториум на Кина е формиран во 1960 година, а членовите се истакнати наставници и одлични ученици од кинескиот музичко-инструментален оддел во Централниот конзерваториум за музика, еден од најзначајните музички институти во високото образование во Кина и во светот.
Вечерашниот концерт е дел од Скопско лето и Деновите на кинеска култура во Македонија, во организација на Амбасадата на Народна Република Кина.