Музичко-поетски караван во Старо Нагоричане

Од:

Музичко-потески караван на кој настапија повеќе уметници од Македонија се одржа вечерва на плоштадот во непосредна близина на црквата „Свети Ѓорѓи“ во општина Старо Нагоричане. Манифестацијата се организира по повод Европските денови на културно наследство.

На караванот присустваа министерот за култура Роберт Алаѓозовски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и градоначалници од североисточниот регион.

– Оваа 2018 година е посветена на европското културно наследство, рече евроамабасадорот при посетета на општината, нагласувајќи дека и досега подржале настани за одбележување на годината посветена на европското културно наследство.

Министерот Алаѓозовски изјави дека и Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство со серија активности ќе ја одбележи годината посветена на европското културно наследство. Потсети дека ЕУ се вклучува во одбележувањето на европската година на културното наследство, доделувајќи десетина грантови на организации од Македонија кои го популаризираат културното наследство.

– Културното наследство е битно во цела Европа, тоа е силната страна на Европа. Европа е семејство на народи со традиција и тука припаѓа и Македонија. И нема поубаво место да се започне со таква серија активности токму кај црквата во Старо Нагоричане. Црквата е во фаза пред реставрација и конзервација, имаше некои технички проблеми со грантот од ЕУ, меѓутоа ние како Министерство за култура ги презедеовме потребните активности за да црквата се конзервира и реставрира во нејзиниот стар сјај и обезбедени се пари од тоа. Како што по фази ќе се преоѓа од еден дел завршени работи кон следни, ние како Министерство за култура сме подготвени да ја следиме таа динамика, изјави министерот.

Претходно, министерот и градоначалничката Жаклина Јовановска оставрија средба. Министерот посочи дека како Министерство го прифраќаат проактивниот однос на градоначалничката во однос на децентрализацијата на културата, но и рамномерниот развој на општините и подигање на капацитетите и за културен развој и развој на туризмот врз база на културното наследство.

Најави дека во периодот кој што следи ќе изработат стратегија за заштита на културното наследство и стратегија за развој на културниот туризам заедно со надлежните институции. Додаде дека имаат и стратегија за привлекување на дијаспората, со што на повеќе начини ќе ги спојат активностите.

Што се однесува за проектот за локалитетот Кокино, министерот одговарајќи на новинарско прашање рече дека во програмата не е влезен проект за Кокино, но дека наскоро ќе оставри средба со невладината организација која е посветена на овој локалитет.

– Тие имаат предлог како понатаму да се развива. Во оној момент во кој што ние ќе добиеме квалитетен проект веднаш сме подготвени да тргнеме во реализација. Кокино тоа го заслужува и навистина можам да ветам наша поддршка во оној момент во кој што ќе се договориме со сите заинтересирани страни дека имаме добар проект како да се унапреди состојбата со самата опсерваторија, изјави министерот.

Претходно Алаѓозовски и евроамабасадорот Жбогар беа информирани од градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска за активностите на општината, проблемите со кои се соочува во делот на инфраструктурата, администрацијата.

– Добар пример на соработката со ЕУ е проектот кој се однесува за реконструкција на црквата Свети Ѓорѓи, плоштадот особено значаен за општината. Се надевам дека и понатаму ќе реализираме заеднички проекти, изјави Јовановска.

Евроамбасадорот Жбогар рече дека ова е комбинирана посета и на општината и за настанот, додавајќи дека се запознал со карактеристиките и состојбите на општината која иако има мал број на жители е голема по површината. Со градоначалничката, додаде го разгледале проектите кои досега се реалзиирале со средства на ЕУ, при што заклучиле дека е недоволен бројот на реализирани проекти преку ЕУ фондовите.

– Се заложивме во иднина да реализираме повеќе проекти. Ние од наша страна се заложивме и дека ќе им помогнеме повеќе на општината Старо Нагоричане се со цел да има поголем пристап до фодновите на ЕУ и мислам дека ова беше најголемиот резултат кој произлезе од средбата, изјави Жбогар, кој и врачи сертификат за благодарност за проектите кои биле реализирани во минатото и за оние кои ќе се реализираат во иднина.

Милош Димитровски, претседател на здружението „Извор“ од Кратово кој го реализира проектот поддржан од ЕУ, информираше дека на караванот присуствуваат уметници, соло пеачи, гудачко трио, претставници од МОБ, тамбурашки оркестри. Манифестацијата ќе се одржи и во Свети Јоаким Осоговски, на локалитетот Куклица и во Домот за култура Кратово.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театрска претстава „Плашливиот Лав“

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија