Музичкиот фестивал „Андерфест“ започнува вечерва

Од:

Градот Скопје и оваа година е домаќин на музичкиот фестивал „Андерфест“ што ќе се одржи денеска и утре, на поткровјето на Public Room.

Вечерва на сцената ќе настапат The Chicks или Девојките, алтернативната група Fiction oд Скопје, Милко, и Decoy – трибут на групата Paramore.

Оваа година програмата изобилува претежно со алтернативната и рок музика со изведувачи од нашата држава.

Влезот е бесплатен со претходна резервација. Бројот на публика е до 30 проценти со задолжителен сертификат за вакцина.

Би можело да ве интересира

Со концерт на „Man in a Suit” почнува „Добра идеја фестивал 2021“

Ана Ололовска