Со концерт на „Man in a Suit” почнува „Добра идеја фестивал 2021“

Од:

Со концерт на „Man in a Suit” во Дом на култура – Кавадарци, Диџеј Пере Мелов, денеска започнува „Добра идеја фестивал 2021“.

Како што информираат организаторите, освен во Кавадарци, фестивалот ќе се одржи и во Свети Николе, Гостивар и Скопје, и ќе настапат преку 30-тина изведувачи. Сите настани започнуваат од 21 часот, а влезот е бесплатен за сите посетители.

– Фестивалот е во организација на здружението „КУЛТИ ВАТОР“ од Скопје, а мисијата и целта на овој фестивал кој се одржува десетина години е промоција на млади артисти од македонската музичка сцена и нивната квалитетна авторска музика и мултиетничноста на изведувачите како еден од главните „џокери“ која го прави овој фестивал вистински богат, стои во соопштението.

Според редоследот, на 17 септември во Дом на култура – Св Николе ќе настапи Дина Јашари Дуо, Диџеј Раста Гирл. На 18 септември во Дом на култура – Гостивар, свој концерт ќе има “ТStoned Hedge” бенд, Диџеј Чарли, а на 22 во Младинскиот културен центар Скопје, ќе настапат „Алембик“, Диџеј Сезер Салихи.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска