Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Од:

Од 1 март во Музејот на македонската борба во Скопје, Музичка младина на Македонија го почнува четвртото издание на циклусот концерти „Слободна среда“.

Со годинашнава програма се планирани шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 млади музичари до триесетгодишна возраст, од повеќе градови во државата.

– Платформата „Слободна среда“ е циклус концерти на кои настапуваат поединци или состави од музичари, инструментални и вокално-инструментални, а се претставуваат со едно до две дела. Концертите им овозможуваат на младите учесници постепено да градат искуство на сцена и пред публика. Нѐ радува што од година во година заинтересираноста кај младите музичари е сѐ поголема, а среда веќе станува резервиран термин и за публиката, истакна Александар Герасимовски од Музичка младина на Македонија.

Концертите ќе се одржат на 1, 15, 22 и на 29 март, како и на 5 и 12 април, сите со почеток од 19 часот, во Музејот на македонската борба, а влезот за нив е бесплатен. „Слободна среда“ е содржина со која се одбележува 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, а финансиски е поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Концерт на Македонски Брас Квинтет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска