Музичарите од Крива Паланка првонаградени на детски креативен фестивал

Од:

Младите музичари од ООУ „Јоаким Крчовски”- Крива Паланка освоија први награди на детскиот креативен фестивал посветен на 75-годишнината од победата над фашизмот.

Фестивалот се одржа во Музејот на Македонската борба во Скопје, а терминот на реализација беше одложен од месец мај поради пандемијата со Ковид-19.

Овој фестивал го организира Рускиот центар „Озарение“, со пoддршка на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, претставништвото на „Россотрудничество” и Државното единствено претпријатие „Московски центар за меѓународна соработка“.

– На фестивалот учествуваа детски креативни групи и изведувачи од повеќе градови од Република Северна Македонија натпреварувајќи се во четири номинации: рецитирање, поезија, музичко и ликовно творештво, како и пишување состав на тема „Писмо до мојот прадедо војник“, а моите ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка, на кои сум особено горда, настапија во категоријата музички творештво, кадешто освоија први места. Горјан Николовски настапи на пијано, соло категорија, каде е првопласиран во конкуренција од 7 до 12 години, а прва награда освои и инструментално трио во состав: Горјан Николовски, Константин Давидовски и Леон Јанковски, во номинација ансамбли и оркестри, изјави професорката Лариса Жулина-Митовски, под чиешто менторство се подготвуваа и настапија учениците.

Фестивалот воодушеви со многустраниот талент на младите љубители на рускиот јазик и младите музичари.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена