Музеј на историјата на полските Евреи: Проект што го слави животот

Од:

Во Врашава вечерва почнува тридневната манифестација на свеченото отворање на главната постановка во новиот објект на Музејот на историјата на полските Евреи, насловена „Музеј на животот“.

Во рамките на трите дена на манифестацијата ќе се одржат повеќе концерти, работилници, проекции на документарни филмови, предавања и средби со прежвеани затвореници во нацистичките логори на смртта.

Денешниот нов Музеј на историјата на полските Евреи, кој своите културни и едукативни програми ги започна во 2013 година, е изграден на местото на кое за време на Втората светска војна се наоѓало Варшавското гето. Тој претставува споменик на хероите на Гетото и потестник за начинот на кој биле убиени полските Евреи, но воедно е и потсетник на начинот на кој тие живееле.

Музејот на историјата на полските Евреи е уникатно здание кое раскажува прикзани за заедништвото на Полјаците и Евреите и претставува богата збирка на илјадагодишната историја на Евреите во Полска, почнувајќи од средниот век, па се до денес. Музејот го прикажува минатото на полските Евреи, кои во изминатите векови оставиле белег во социјалниот пејсаж на Полска, но и на цела Европа и светот.

muzej-polski-evrei1

Полска со векови била дом на најголемата еврејска заедница во светот. Десетвековното заедничко живеење на Полјаците и Евреите придонело за меѓусебно влијание како на културно поле, така и врз традицијата и секојдневното живеење, со што припаднците на еврејската заедница стануваат неодминлив дел од комплексната историја на Полска.

Пред Втората светска војна во Полска живееле 3,3 милиони Евреи, што преставувало речиси десет проценти од вкупното население. Само во Варшава, една третина од жителите биле Евреи. Но, за време на Холокаустот биле убиени 90 проценти од полските Евреи. Од оние што го преживеале нацистичниот геноцид, поголемиот дел претпочитале да емигрираат, пред се во Израел, отколку да останат да живеат на своите родни огништа во Полска.

Музејот претставува мост преку бездната создадена од Холокаустот, мост низ времето, континентите и човековите животи. Музејот го прикажува исклучителниот свет создаден од полските Евреи, чие наследство опстојува и денес во Полска, но и насекаде ширум светот каде што живеат потомците на полските Евреи.

Патување низ илјада години историја

muzej-polski-evrei2

Изложбениот простор на Музејот зафаќа површина од околу 4.000 метри квадратни и неговите експонати ја прикажуваат историјата на полските Евреи од нивното пристугнување во Полска во 10-от век, па се до денес. Изложбената постановка е дело на меѓународен тим составен од над 120 научници, предводени од професор Барбара Кирешенблат-Гимблет од Универзитетот во Њујорк, во соработка со групите за изложбен дизајн „Евент Комјуникејш“ од Лондон и „Дизјан Интернешанл“ од Варшава.

Замислена како театар на историјата, изложбата претставува приказна за времето и местото на живеење на полските Евреи, почнувајќи од несекојдневно насликаниот таван и репликата на покрив на дрвените синагоги карактеристични за 17-от век, изработени со традиционални алати, техники и материјали од тој период, па се до мултимедијаланата презентација на начинот на живот на Еверите во периодот меѓу двете светски војни.

Секоја од осумте галерии во Музејот нудат приказна за животот на обичните луѓе низ историјата, преку изложените писма, монографии, песни, извадоци од весници, дневници и сеќавања зашишани на хебрејски, јидиш, полски, латински, германски, француски, руски или арапски јазик.

Оригиналните експонати прикажани во музејот вклучуваат средновековни брахтеати (метални пари што ги употребувале Евреите), книги на хебрејски јазик, микрографички портрети на познати еврејски автори, фото-репортажа на хасидска (традиционална ортодоксно еврејска) венчавка…

muzej-polski-evrei3

Поставаката во Музејот почнува со првата галерија која ја прикажуав легендата за доаѓањето на првите Евреи на полско тло во 10-от век и продолжува со доселувањето и развојот на еврејската заедница во земјата во следните пет век се до стартот на 16-век, кога Полска станува главен центар на Евреите Ашкенази во светот.

Втората галерија го опфаќа „златниот период на Евреите во Поолска“, односно времето на Полско-Литванскиот Комонвелт, каде се претставени макети на еврејските делови на Краков и соседниот град Казимјерж, како и прикази на првите книги на јидиш и на хебрејски јазик печатени на полска територија.

Бруталниот погром на Евреите во 1648 година за време на Хмелницкото востание е прикажан во т.н. „огнен коридор“, кој води кон третата галерија каде е претставен животот на полсите Евреи во руралните региони во втората половина на 17-от и пооглемиот дел од 18-от век.

Четвртата галерија дава приказ на периодот од животот на полсите Евреи по поделбата на Полска меѓу Прусија, Австрија и Русија кон крајот на 18-от век, па се до почетокот на Првата светска војна. Тука се прикажани забразната урбанизација и индустријализација на полските градови, изградбата на националниот идентитет на полските Евреи кои почнуваат се повеќе да се идентификуваат со полскиот јазик и култура како „Полјаци со Мојсеева Религија“, градењето на Големата синагога во Варшава, но и брановите напади врз Евреите во 80-те години на 19-от век, кои претставуваат вовед во современиот антисемитизам и во масовната емиграција на припадниците на еврејската заедница, пред се во САД.

Петата галерија е посветена на животот на полските Евреи меѓу двете светски војни, кој некои историчари го нарекуваат „втор златен период“ и покрај потиснувањето и антисемитизмот со кои се соочуваат Евреите. Во овој дел има мултимедијален приказ на еврејските кавртови во тој период и експонати поврзани со познатите полски автори од еврејско потекло, како и со равојот на политичките партии на Евреите во Полска.

muzej-polski-evrei4

Во шестата галерија е прикажан периодот на Втората светска војна, каде се прикажани изградбата на Варшавското гето, востанието во Гетото, Холокаустот и нациситчките концентрациони логор на смртта.

Седмата, последна историска, галерија е посветена на периодот по Втората свертска војна, кога бројот на полските Евреи е сведен на помалку од 10 отсто во однос на 1939 година. Тука е прикажана поствоената емиграција на Евреите од Полска, која кулминира во време на антисемитската кампања во 1968 година, па се до падот на комунизмот и обновата на еврејското присуство во земјата.

Oсмата галерија е посветена на наследството на полските Евреи, кое го претставуваат околу девет милиони луѓе ширум светот кои потекнуваат од некогашните големи еверејски заедници во Полска.

Уникатана зграда на симболично место

muzej-polski-evrei5

Несекојдневен и визионерски, проектот на зградата на Музејот на историјата на полските Евреи е избран на меѓународен конкурс во 2005 година, на кој меѓу над 100 пријавени кандидати победува финското архитектонско студио „Лахделма & Махламаки Архитектс“. Изградбата на Музејот започнува во 2009 година, а првите посетители ја посетуваат зградата во 2013-та.

Зградата со својот надворешен изглед се вклопува со Споменикот на хероите на Гетото, кој се наоѓа пред самиот објект. Невообичаената фасада, изработена од бакар и стакло, го содржи зборот „полин“ на хебрејски и латински, односно називот на легендата за пристигнувањето на првите Евреи во Полска.

За разлика од неговата надворешност, внатрешноста на Музејот има масивни и брановидни ѕидови кои го обрабуваат динамичкиот главен хол на зградата. Овој простор ја симболизира длабоката бездна низ која минале полските Евреи низ својата историја. Над главниот хол се надвиснува мост, кој го симболизира некогашниот дрвен мост што ги поврзувал двата дела на Варшавската гето.

muzej-polski-evrei51

Зградата има пет ката и зафаќа вкупна површина од речиси 13.000 метри квадратни, од кои околу една третина отпаѓа на изложбениот простор, а во останатиот дел има голема кино сала со 480 места, образовен центар, административни простории, ресторан, кафетерија и продавница за подароци.

Признание за несокојдневниот проект на финските архитекти е и фактот дека во 2008 година делото ја доби Меѓународната архитектонска награда.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина