МТФ „Војдан Чернодрински“ добитник на орден за заслуги

Од:

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е добитник на високото признание – орден за заслуги во областа на културата и уметноста што го доделува Претседателот на државата, изјави денеска за МИА првиот човек на Советот на Фестивалот и негов уметнички директор, Петар Темелковски.

– Фестивалот го добива ова високо признание за својот придонес во развојот на македонската театарска уметност, зашто секое негово издание е одраз на мигот на македонскиот театар меѓу двата фестивала. Признаието го добива кога Фестивалот слави 50 годишен јубилеј. Високото признание на Фестивалот ќе му го додели лично претседателот Ѓорге Иванов на отоврањето, на 12 јуни на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во центарот на Прилеп, вели Темелковски.

МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава се одржува од 12 до 19 јуни и одбележува 50 – годишен јубилеј. Во официјалната конкуренција за награди се 13 претстави на македонските професионални театри, ќе понуди и богата придружна програма и монографија за големиот јубилеј на Фестивалот. Меѓу новините годинава се и две гостувања на публиката надвор од Прилеп за да проследи и две претстави. Едно во Скопје, другото во Велес.

– Ден пред официјалното отворање на Фестивалот, в четврток на 11 јуни, публиката ќе патува во Скопје во објектот на МНТ каде на матичната сцена театарот ќе ја изведе претставата „Електра“ според митот за Електра од Еврипид, Софокле, Есхил и Сартр во режија на Андри Жолдак. На 16 јуни, пак, на сцената од новиот велешки театар, ансамблот ќе ја изведе „Приказни од шестиот кат“ од Драги Михајловски во режија на Дејан Дамјановски. Публиката ќе има нови доживувања во новите објекти на МНТ и на велешкиот театар. Билетите веќе в сабота а ќе се продаваат по 150 денари за секое патување, изјави Темелковски.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи