Мозаикот на Старата епископска базилика во Стоби повторно достапен за посетителите

Од:

Со поддршка од Министерството за култура се реализираше финалната фаза од конзерваторско-реставраторските работи на мозаикот што го красел подот на најстарaтa ранохристијанска црква во Република Македонија – Старата епископска базилика во Стоби.

Проектот подразбираше детална обработка на фрагментите од мозаичниот под со вкупна површина од 160 квадратни метри и негово враќање на оригиналната местоположба во базиликата.

За таа цел, првпат во историјата на конзервацијата и презентација на мозаиците in situ (на самото место), беше изградена слободно стоечка челична конструкција што ја има улогата на нов носач на мозаикот. Челичната платформа беше изградена со цел да се спречат деструктивните влијанија на атмосферските и на капиларните води врз мозаикот, а и за да не се нарушат постарите архитектонски структури коишто беа откриени под нивото на мозаикот. На овој начин е обезбедена и целосна реверзибилност на конзераваторско-реставраторските процеси. По враќањето на мозаичките фрагменти на оригиналната местоположба, беше извршено финално спојување и ретуширање на фрагментите со цел да се долови автентичниот изглед на мозаикот. Тоа е последниот процес кој беше изведен во 2014 година, со што, речиси комплетно е завршена конзервацијата, реставрацијата и финалната презентација на најголемиот мозаик кој е откриен на територијата на Република Македонија, соопшти Министерството за култура.

Заради преземање конзерваторско–реаставраторски активности, овој мозаик бил подигнат уште во далечната 1991 година и сè до денес не беше достапен за научната јавност и за посетителите на Стоби. Проектот за неговата финална конзервација, реставрација и презентација започна во 2012 година, кога беше археолошки истражена целата површина под мозаикот во базиликата, а продолжи во 2013 година кога извадените мозаички фрагменти беа поставени на нови носачи изработени од алуминиумско саќе.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат