Монтажерот на Кишловски Жак Вита – прв лауреат на „Синематик“

Од:

Врвниот француски монтажер Жак Вита во Париз ја прими наградата за животно дело што му ја доделија Асоцијацијата на филмски професионалци на Македонија и програмата „Синематик“.

Како што соопштија од тимот на „Мобил фестивал“, наградата му ја врачи Јордан Плевнеш, поранешен амбасадор на Република Македонија во Франција и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности. Легендата на монтажата на европскиот филм, Вита, кој е во својата 83-година, беше пресреќен од признанието.

Жак Вита е француски монтажер, кој почнал да работи на монтажа на игран филм во доцните 50-ти години на минатиот век. Монтирал повеќе од 60 играни филмови и работел со значајни француски филмски режисери, како Клор Бери и Џин Бекер, но е најмногу познат по соработката со Кшиштоф Кишловски, која започна со „Двојниот живот на Вероника“ и продолжи со „Три бои: Сино“ и „Три бои: Црвено“. Жак Вита освоил награди за монтажа на француските филмски награди „Цезар“ во две наврати: во 1984 година за „Убиствено лето“ и во 1994 година, за „Три бои: Сино“. Инаку, Вита се потпиша на монтажата на филмот „Јас сум од Титов Велес“ на режисерката Теона Стругар-Митевска, продуциран во 2007 година.

Тричлено жири го избра и најдобриот филм од аспект на монтажа во рамки на програмата „Синематик“, која во изминативе два дена опфати неколку проекции на европски филмови во соработка со платформата „Ај он филмс“. Наградата што ја доделува Здружението на филмски продуценти на Македонија ја освои холандскиот филм „Чисти раце“ во режија на Тјебо Пенинг, на кој како монтажер се потпишува Белгиецот Филип Равое.

Програмата „Синематик“, дел од 7. издание на „Мобил фестивал“, беше отворена прексиноќа во Џебното кино на Младинскиот културен центар. Гостин на вечерта беше францускиот режисер Тиери Себан, чиј филм „Псевдоним“ беше прикажан. По проекцијата на неговото долгометражно првенче, Себан одговараше на прашања од публиката, по што се разви интересна дискусија. Фестивалот на Себан му додели и „Специјално признание“ за „Псевдоним“.

Тој изјави дека филмот го снимил за само 12 дена, со оглед на ограничениот буџет (околу 120.000 евра). Снимен е во неговиот стан, а во него играат сопругата и неговите деца. Самиот го монтирал поради ограничениот буџет.

Програмата „Синематик“ ќе биде заокружена со работилница што ќе ја одржи монтажерот Атанас Георгиев, в понеделник во 10.30 часот, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на тема „Онлајн-промоција на филмски трејлери“.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ