Монографијата „Сеќавања“ промовирана во Торонто, Канада

Од:

Во салата на катедралната македонска православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто, вчера се одржа промоција на двојазичната монографија „Сеќавања”  од авторот Дана Скендова-Скотланд во издание на издавачката куќа „Македонска искра” од Скопје.

Автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнување. Таа е животна приказна на семејството Скендови која започнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во егејскиот дел на Македонија.

Монографијата содржи 222 страници, голем број фотографии и прилози, и претставува иселенички придонес во публистиката, како и  дел од историјата и судбината на Македонците, особено  од Егејска Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска