Монографија „Создавањето на современата македонска држава“

Од:

Во издание на „Македоника литера“ и „Македонска реч“ од Скопје деновиве од печат излезе монографијата „Создавањето на современата македонска држава“ од авторите Владо Поповски, Ванчо Ѓорѓиев, Зоран Тодоровски и Виолета Ачкоска.

Поповски пишува за борбата за создавање македонска држава во периодот на Источната криза, односно  од Разловечкото и Кресненското востание до појавата на организираното македонско револуционерно движење.

Ѓорѓиев пишува за борбата за автономија на Македонија и за создавање македонска држава од 1893 до 1912 година (до Првата балканска војна), Тодоровски за борбата за автономна, независна и обединета македонска држава во периодот од 1912 до 1941 година, а Ачкоска пишува за создавањето и развојот на современата македонска држава во периодот од 1941 до 1991 година, односно до конституирањето на Република Македонија во самостојна и суверена држава.

Книгата е збогатена со стотина фотографии на најзначајни личности кои придонеле во борбата за создавање современа македонска држава, како и на позначајни настани во тој историски процес на македонската државност.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска