„Молох – пеш по светот“ нова стихозбирка од Матеја Матевски

Од:

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат стихозбирката „Молох – пеш по светот“ од Матеја Матевски.

– Новата поетска книга на Матевски  е трогателна лирска aпотеоза на човечкото жртвување во универзални космички димензии и во еден краен вселенски молк. Во стихијата на вечниот заборав, поетот во своето лирско патување воскреснува мноштво спомени од реалниот живот, од различни меридијани и култури, и со моќта на зборот, мајсторски ги детерминира и овековечува во трајни споменици на нашата цивилизација. Со една своевидна  продлабочена инспирација и со препознатлива творечка егзалтација, преку симболот на семитското божество на сонцето, на огнот и на светото жртвување (Молох), поетот ја идентификува судбината на човекот и неговиот свет придионес во општото постоење, пишува Раде Силјан во рецензијата за делото на академик Матеја Матевски.

Во својата дваесет и втора поетска книга, познатиот македонски поет застапува педесеттина песни, поеделени во шест тематски циклуси.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска