Модерен Маркс

Од:

Хит книгата на Томас Пикети е одлично дело за студенти, но слаб водич за политика

Кога бил отпечатен првиот том од „Капитал“ на Карл Маркс во 1867 година, биле потребни пет години за да се продадат илјада примероци на оригинален германски јазик. Две децении подоцна делото не било преведено на англиски јазик, а овој весник не слушнал некој воопшто да го спомне се до 1907 година. За споредба, „Капиталот во Дваесетипрвиот век“ на Томас Пикети стана сензација преку ноќ. Оригинално напишано на Француски јазик (кога првпат направивме рецензија за неа), огромниот материјал на Пикети за дистрибуцијата на приходите и богатството стана бестселер откако се појави преводот на англиски јазик во март. Во Америка, таа е најпродавана книга на Амазон, дури повеќе и од романите.

Успехот на книгата има многу врска со тоа да биде вистинска тема во вистинско време. Нееднаквоста одеднаш стана тема за која се зборува насекаде, посебно во Америка. Со години избегнувајќи ги разговорите за јазот помеѓ тоа да се има и да се нема, како опсесија на Европјаните, Американците пецнати од претерувањата на Волстрит одеднаш почнаа да зборуваат за богатите и за редистрибуција на богатството. Привлечноста на книгата е затоа што расправа за тоа дека концентрацијата на растечкото богатство е својствена за капитализмот, и предлага глобален данок на богатството како прогресивно решение.

“Капиталот“ веднаш го освои левите, ги разбесни десните, и ја зачини слаборазбраната наука во популарната свест. Но ако Пикети поставува основа за тони дебати за нееднаквоста, светот сепак ќе остане осиромашен за нив. Како и неговиот истоименик од 19-иот век, „Капиталот“ содржи извонредни предаања, но како водич за акција е длабоко сиромашен.

На своите 577 страници, „Капитал“ дава три извонредни прилози. Прво, Пикети кој е пионер кој користи даночни статистики за мерење на нееднаквоста, здодевно и болно ја документира еволуцијата на приходите и богатството во изминатите 300 години, посебно во Европа и во Америка. Во прилог на тоа, тој покажува дека периодот помеѓу 1914 и седумдесетите години од минатиот век бил историски преседан во кој и нееднаквоста во приходите и натрупувањето на богатсвото (релативно во однос на годишниот национален приход) драстично опаднале. Од седумдесетите до денес, јазовите во богатствата и во приходите повторно расте во однос на нормите од 20-иот век/. Сигурно има неколу грешки во овие статистики, но неговото дело го трансформираше разбирањето на историјата на богатството, со восхитувачки резултати. На пример, кој знаел дека годишната вредност на наследсствата во Франција се зголемила за три пати од помалку од пет проценти од БДП во 50-ите, на скоро 15 проценти, што не е толку далеку од врвот кој бил во 19-иотѕ век од 25 проценти? Како дело на емпириско истражување, книгата без сомнение е брилијантна. Вториот придонес на Пикети е изложувањето на теоријата за капитализмот, со која тој ги објаснува овие факти и нуди предвидување кон каде оди редистрибуцијата на богатството. Неговата централна теза е дека системот на слободните пазари има природна тенденција за зголемување на концентрацијата на богатството, затоа што стапката на поврат врз сопственоста и инвестициите постојано е повисока отколку стапката на економски раст. Двете светски војни, депресијата и високите даноци, го наламлија повратот на богатството во 20-иот век, додека брзото производство и порастот на населението го подигнаа. Но без таквите фактори кои надвладеале, тврди Пикети, повисок поврат на капиталот ќе концентрира богатство посебно кога како што е сега, населението кое старее значи дека растот ќе забави.

Очекувањата на Пикети за пораст на концентрацијата на богатството не е непозната. Сепак, тоа се предвидувања на основа на примери од минатото, а не на некој посебен модел на капитализам. Тој претпоставува дека повратот на капитал нема значајно да опадне дури и кога натрупувањето на богатство расте. Ова можеби и може да се докаже како вистинито, но предвидувањето на Пикети е хипотеза, а не челичен закон.

Уредниот Пикети

Токму тука проблемите почнуваат, затоа што третиот придонес на Пикети е да понуди политички предлози кои претпоставуваат дека оваа натрупување на концентрација на богатство не е само неизбежно, туку и највлијателно. Тој предлага прогресивен глобален данок на капиталот (годишна стапка која може да почне од 0,1 проценти и да достигне максимум дури и до 10 проценти кај најбогатите богатства). Тој исто предлага казнен данок од 80 проценти на приходи над 500.000 долари и повеќе.

Тука „Капитал“ свртува кон лево и ја губи кредибилноста. Пикети потенцира наместо да објаснува зошто спротивставувањето на трупањето богатства треба да биде приоритет (како спротивност, да речеме, на поттикување на растот). Тој едвај признава било какви отпишувања или трошоци на неговата агенда за редистрибуција. Повеќето економисти, опшатата логика и многу француски бизнисмени сметаат дека повисоките даноци на приходите и богатството ќе ги намали претприемништвото и ќе донесе ризици; тој демонстративно го отфрла тоа. А неговата листа на предлози кои мора да се направат чудно е фоксуирана на даночење на богатите. Тој ги игнорира начините да се прошири сопственсота на капиталот, од „намјалите обвзрници“ до владино ограничување на заштедите на проиватните сметки. Некои капитал мни даноци можат убаво да се сместат помеѓу алатките за чувствителната политика на 21-иот век (посебно за даноци на наследства), но тие не се единствените, дури ни главните начин да се обезбеди шриоко базиран просперитет.

Фокусот на Ликети за заглавување на богатите е својствен на социјалистичката идеологија, а не со науката. Тоа може и да објасни зошто „Капитал“ стана бестселер. Но тој е лош план за акција .

Економист – Лондон

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска