МОБ ја почнува сезоната со концерт посветен на Вагнер

Од:

Со концерт по повод 200 години од раѓањето на Ричард Вагнер на 5 октомври почнува новата сезона во Македонската опера и балет. Пред официјалниот почеток на сезоната, в недела премиерно ќе биде изведена балетската претстава за деца „Ени“ во режија на Александра Никифоровска.

На концертот „Вагнер“ ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Оливер Балабурски, а солисти се Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Игор Дурловски, Борис Трајанов и Благица Поп Томова.

Балетот „Ени“, според Никифоровска, е инспириран од девојче од Домот за деца без родители „11 Октомври“, а е работена по истоимениот мјузикл.

– Го обработуваме конкретниот филм од 1982 година во копродукција со МОБ, македонски солисти и гости од Бугарија. Темата е извадена од филмот, но не е класична копија од него. Музиката не е извадок од филмот, туку се инструментални верзии од мјузиклот. Нема пеење, ќе има само драматургија, појасни денеска на прес-конференција Никифоровска.

Директорот на МОБ Дејан Прошев информираше и за другите проекти на МОБ во новата сезона. На 25 октомври е премиерата на операта „Фауст“, со комплетна италијанска екипа под раководство, режија, сценографија и костимографија на Марио де Карло, под диригентство на Оливер Балабурски и настап на солистите од МОБ.

Претходно, на 19 октомври, ќе се одржи меѓународна конференција „Верди – Вагнер“, по повод два века од раѓањето на двајцата композитори, следниот ден ќе биде изведена претставата за деца „Д-р Офболи“, а на 30 октомври  „Есмералда“.

– Дел од оркестарот и двајца солисти од МОБ ќе настапат во Индонезија во рамки на прославата 20 години билатерални односи меѓу Македонија и Индонезија, рече Прошев.

Првенката на МОБ Славица Петровска-Галиќ ќе одбележи јубилеј 25 години  од својата солистичка дејност, со претставта „Травијата“, со која и ја почнала кариерата. Ќе има и обнова на балетот „Корсар“ и премиера на мјузиклот на Никола Коџабашија „Пенелопе икс“.

Цената на влезниците во МОБ се од 300, 400 и од 500 денари на големата сцена и 200 денари на малата.  Ќе има и промотивни пакети, како и попусти за деца и студенти.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска