Македонскиот народен театар в петок (1 ноември) ќе гостува во Црногорско народно позориште во Подгорица со претставата „Еден месец на село“ од Тургењев во режија на Паоло Маџели.
„Еден месец на село“ ќе биде изведена пред црногорската публика во ревиjалниот дел, на затворањето на Биеналето на црногорските театри 2019, по повод прославата за Денот на Црногорско народно позориште.
Премиерата на оваа претстава на МНТ беше во септември минатата година. Во актерската екипа се: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.