Реалните факти и аргументи не соодветствуваат со ставовите изнесени од страна на т.н синдикат СКРМ, се оградува МНТ од денешните протести на Синдикатот на култура на РМ. Откако Министерството за култура реагираше на барањата на синдикалците, со свои реакции се јавија и МНТ и Театар Комедија.
„Македонскиот народен театар смета дека сите обвинувања од страна на таканаречениот синдикат се неаргументирани и се во насока на девалвирање на сето она што се реализира во делот на културата. Делата и проектите покажуваат и се потврда за се она за кое што Министерството за Култура дава огромен придонес за културата во Р.Македонија воопшто.
На крајот апелираме културата да не се става во дневно политички цели,заради личните интереси на поединци.“, стои во рекацијата на МНТ
Со сличен став и Театар Комедија
„Во врска со денешниот протест на таканаречениот Совет на Синдикатот на културата во Република Македонија пред Министерството за култура, ве известуваме дека вработените од НУ Театар Комедија се оградуваат од истиот и не го подржуваат ваквиот начин на дејствување во културата. Ние како вработени сме дел од синдикатот на СОНК и ги подржуваме нивните преговори со Министерството за култура“, се вели во известувањето од „Театар Комедија“.