„МНТ ФЕСТ“ со отворени врати за танцов театар и филм за Еуџенио Барба

Од:

Танцовата претстава „Во темната кружиме ноќ и не голтаат јазици пламни“ на театарот Алдес од Лука вечер ќе биде изведена на 3. Меѓународен театарски фестивал „МНТ Фест“. Кореографијата е на Роберто Кастело, а настапуваат Маријано Ниеду, Стефано Квестори, Џизелда Раниери и Ирене Русолило.

За танцовиот театар на билетарницата на МНТ од 16 часот секој гледач ќе може да подигне по два гратис билета. Бројот на билетите е ограничен.

Во 21 часот е проекцијата на филмот „Земјата каде што дрвјата летаат, Еуџенио Барба и годишнината на Один“ во режија на Давиде Барлети и Јакопо Квадри. Филмот зборува за прославата во Холстебро на педесетгодишнината на Один театарт, истражувачкиот театар, која под раководство на Еуџенио Барба ги смени координатите на изведувачките уметности на втората половина на дваесеттиот век, збогатувајќи ја својата азбука преку светските сценски култури.

За проекцијата на филмот, вечер од 19 часот на билетарницата на МНТ секој гледач ќе може да подигне по два гратис билета. Бројот на билетите е ограничен.

Годинашниот „МНТ Фест“ ќе трае до јуни, со паузи меѓу изведбите за публиката да може да ги одгледа сите претстави.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора