Многу настани од ликовната дејност до крајот на годинава најави Министерството за култура

Од:

Министерството за култура најави голем број настани во ликовната дејност кои со негова поддршка ќе се реализираат до крајот на годинава.

Уметникот Сергеј Андреевски во периодот од 1 до 15 септември ќе има изложба со сликарски перформанс „Молитва на песот“ во рамки на Меѓународниот руско-балкански фестивал „Росбалкфест 2015“ во Москва, а во организација на Амбасадата на РМ во Прага на 10 септември ќе се реализира изложбата „Невидливо Скопје (градот низ урбанистички планови)“.

На 5 ноември уметникот Решат Амети ќе има изложба во Берлин,  а по повод одбележување на 20 години од дипломатските односи меѓу Македонија и Азербејџан на крајот на октомври, на покана од Здружението на азербејџански уметници, Институтот за уметности и култура „Арс акта“ ќе ја реализира изложбата „Во потрага по заедничко тло“ во Центарот за современа уметност во Баку.

Во средината на ноември ќе се реализира 5-тата Недела на дизајн во Скопје, во организација на Здружението „Јавна соба“.

– Овој настан е од особено значење бидејќи претставува еден вид единствена меѓународна платформа која придонесува за развој на дизајн-сцената во Македонија, но и на глобално ниво ги промовира младите дизајнери и иноватори од Македонија, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање