На меѓународниот натпревар за млади пијанисти од регионот, кој годинава осми пат се одржува во Гевгелија, учествуваат 120 потенцијални пијано мајстори од Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија.
Нивните настапи на пијано во шест категории ќе ги оценува меѓународно жири кое го сочинуваат истакнати професори и пијанисти од Словенија, Србија и Македонија.
– Бројот на учесниците на овој натпревар ја потврдува големата заинтересираност на младите пијанисти од регионот кои токму во Гевгелија гледаат добра можност да ги проверат своите знаења,да се промовираат и секако да добијат признание кое ќе претставува поттик за нивната понатамошна кариера, рече претседателот на организацискиот одбор,пијанистот Глигор Гелебешев.
Тој изрази голема благодарност до жирито кое секоја година ги оценува настапите на младите и перспективни пијанисти и секако на општина Гевгелија која во сите изминати осум години финансиски ја подржува манифестацијата.