На покана од фолклорното друштво „Бојмија“ изминативе два дена во Гевгелија и Богданци гостуваа членови на фолклорното друштво „Мали Шчизичани“ од градот Шчизич во Република Полска.
Гостите од Полска беа примени од гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков кој изрази благодарност за нивното гостување, но и задоволство за воспоставената културна соработка со фолклорното друштво „Бојмија“ од Гевгелија при што нагласи дека општина Гевгелија секогаш ќе ги поддржува ваквите активности кои очекува во иднина да продолжат и да бидат унапредени.
Специфичниот фолклор од регионот на гостите од Полска, на заеднички концерти со фолклорните друштва „Бојмија“ од Гевгелија и „Мегдан“ од Богданци беше претставен пред публиките во Гевгелија и Богданци.