На покана на интернационалната поетска мрежа „Spoken Word Paris“, во периодот од 18 до 28 март, македонскиот поет, концептуален уметник и граѓански активист Митко Гогов ќе учествува на серија интернационални поетски читања и перформанси.
На две од читањата ќе се претстави заедно со локални и странски автори, додека едно од читањата е целовечерно ѝ е наменето за неговата поезија која ќе се чита на македонски, англиски и француски јазик.
– „Spoken Word Paris“ е поле за средба на луѓе кои ја сакаат поезија, номади кои ги слушаат и почитуваат стиховите. Тоа е дом за креативни текстови и поетски апологети. SpokenWord е носечката манифестација за отворен микрофон во Париз, додека Open Secret е нивната втора последователна манифестација. Овде е и работилницата за писатели и поети која се одржува во ознатото место за сите љубители на литературата Shakespeare & Company. Уредници се на списанието The Bastille and Tightrope Books и на зборникот на поезија “Strangers in Paris”, вели Гогов.