Министерството за култура останува посветено на реализација на сеопфатна Годишна програма

Од:

Министерството за култура соопшти дека останува посветено на реализација на сеопфатна Годишна програма, која овозможува правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните.

„Министерството за култура ја известува јавноста дека останува посветено на реализација сеопфатна Годишна програма, која овозможува правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните. Со поддршката за културни проекти кои градат едно општество за сите, како и со децентрализација на културата и еднаков пристап до неа, овозможуваме култура за сите граѓани подеднакво…

Добивме најголем број апликации досега, над 5000 проекти и вклучивме повеќе проекти од независната сцена, етничките заедници, маргинализираните групи и социјално ранливите категории, настојувајќи да поддржиме на етаблирани уметници и културни работници, но и да дадеме шанса на почетници и дебитантски актери во сферата на културата.

Сепак, по реакциите во јавноста во однос на неколку поединечни проекти и одлуки во објавената Годишна програма и резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година, Министерството за култура упатува повик до целата јавност и сите оние што имаат информации или индиции за прекршувања или злоупотреби, истите да ги достават до Министерството.

Наша недвосмислена определба е процесите на одлучување да бидат целосно транспарентни, да бидат фер и објективни, согласно начелата, критериумите и пропозициите на конкурсните апликации.
Цврсто стоиме на ставот, дека доколку има индиции за неправилности во процесот на аплицирање и одлучување, или доколку одредени личности или субјекти учествувале во непотизам, корупција, клиентелизам или други незаконски практики, Министерството е подготвено веднаш да ги преиспита тие случаи, а доколку се утврди одговорност, да спроведе дисциплински и други постапки во согласност со закон.

Времето на незаконско и непрофесионално дејствување во интитуциите заврши, а таквите практики се заменуваат со практики на стручно, одговорно и домаќинско работење со средствата на граѓаните.
Како и во нашето досегашно работење во изминатите месеци, Министерството ја става транспарентно целата документација на располагање на медиумите, јавноста и сите надлежни органи. Воедно, ги повикуваме сите што имаат какви било информации во оваа насока да го известат Министерството за култура“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија