Министерството за култура бара да се преземат мерки за заштита на културното наследство

Од:

„Во врска со состојбите настанати во НУ „Музеј на Македонија“- Скопје, по невремето кое се случи на 14.6.2017 година, односно настанатата вонредна состојба со влегувањето на вода во просториите на Музејот, ве известуваме дека министерот за култура, г-дин. Роберт Алаѓозовски, уште истата вечер со лично присуство констатира дека се доведени во опасност движните добра, кои се прогласени за културно наследство, а се во збирките на НУ „Музеј на Македонија“- Скопје.

При увидот се констатира дека, особено во просторијата на Галеријата на икони, каде што се сместени повеќе дела со непроценлива вредност, постои големо оштетување на плафонот и инсталациите. Се работи за претходни оштетувања, коишто се случиле на 9.3.2017 год. во просторијата во Галеријата на икони. За жал, и покрај итноста на состојбата, веќе неколку месеци овие оштетувања се уште не се отстранети.

Министерот Алаѓозовски, од четирите установи кои работат во доменот на заштитата на културното наследство, Управата за заштита на културното наследство – Скопје, НУ „Музеј на Македонија“ – Скопје, НУ „Национален конзерваторски центар“- Скопје и НУ „Кознзерваторски центар на Скопје“ – Скопје, побара итно да преземат соодветни мерки за заштита на движното културно наследство, особено на Галеријата на икони, во која е сместено бесценето културно наследство од особено значење за државата. Од овие установи е побарано итно да формираат заедничка стручна комисија, која ќе ја утврди настанатата штета, и ќе преземе итни мерки за санација, обезбедување сигурност на движното културно наследство од Галеријата на икони и обезбедување на соодветни просторни и микроклиматски услови за овие дела“ се вели во соопштението на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ