Министерство за култура: По вчерашното невреме преземени мерки за санација на оштетувањата на „Чифте Амам“

Од:

Министерството за култура соопшти дека од вчеравечер интензивно се преземаат неопходните итни заштитни интервенции за санирање, како и теренските оценки на стручњаците за трајно решавање на проблемите по оштетувањата на споменикот на културата „Чифте амам“ во Скопје по вчерашното невреме.

– Денеска НУ Конзерваторски центар – Скопје формира стручен тим за итен увид и констатирање на состојбата на споменикот Чифте амам, чија должност ќе биде најитно да подготви извештај, кој покрај констатациите за оштетувањата, треба да содржи и итни мерки за заштита, посебни ограничувања, рокот во кој треба да се преземат мерките за заштита и проценка на потребните финансиски средства за изведба на овие зафати, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Поради можноста од ново невреме во овој период, НУ Национална галерија е задолжена веднаш да изврши поставување времени елементи (стакло, плексиглас и слично) на местата на оштетените делови во куполите, за да се спречи натамошното оштетување на објектот.

Врз основа на извештајот, НУ Конзерваторски центар – Скопје ќе достави веднаш барање до Управата за заштита на културното наследство, за итно прогласување на овие објекти како културно наследство во опасност, врз основа на што Управата ќе треба по службена должност за овие објекти да издаде Решение за прогласување на културно наследство во опасност.

Истовремено, информираат од Министерството за култура, веќе е инициран преглед на постојните документи и изработка на Проект за конзервација и реставрација на „Чифте амам“ во Скопје, кој ќе почне да се реализира веднаш по спроведувањето на законските процедури.

– Сметаме дека е потребно јавноста да знае дека во изминативе години НУ Национална галерија постојано испраќала дописи до претходното раководство на Министерството и Владата на РМ за тековните проблеми со овој значаен историски објект. Иако санацијата на „Чифте Амам“ е влезена во програмата на Владата за тековната 2017 година, за таа намена годинава се издвоени само 200.000 денари, додека минатата година за оваа намена биле издвоени 2 милиони денари, но ниту еден изведувач не се јавил на тендерот распишан за санација на објектот, бидејќи и оваа сума ни оддалеку не може да ги задоволи побарувањата за целосна санација поставени во тендерската документација. Потенцијалните изведувачи на сакаат да ја ризикуваат сопствената репутација и да ја изгубат лиценцата што е неопходна за изведување санации на заштитени споменици на културата од прва категорија, се додава во соопштението.

Пристапот на Министерството за култура кон заштитата на културното наследство, порачуваат оттаму, ќе се смени драстично во однос на тоа што било пракса во минатото, и дека овие знаменитости ќе го добијат вистинскиот и заслужен третман и грижа.

Би можело да ве интересира

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ