Министерство за култура: Нема дискриминација во вработувањата, тврдењата на Движењето БЕСА се неосновани

Од:

„Во врска со реакцијата на Движењето Беса по објавувањето на огласот за прием на двајца државни службеници во Министерството за култура со број 10/2018 односно за прием на еден помошник – раководител во секторот за издавачка дејност и еден помошник – раководител во секторот за културно наследство, а во која оваа политичка партија обвинува за наводна етничка дискриминација, Министерството за култура се оградува од овие тврдења како неточни и неосновани.

Имено, се работи за оглас кој се подготвува според постапка што е спроведена во согласност со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор, односно членот 5 кој ја опишува методологијата за планирање на нови вработувања и член 20а став 2 и 6, како и член 20 б став 6. Пред подготвување на Годишниот план за вработување, во Министерството за информатичко општество и администрација има алатка наречена балансер, во која се внесуваат податоци за бројот на вработените по правична застапеност и самиот балансер врз основа на внесените податоци за нови вработувања го пресметува процентот. Овие податоци потоа се доставуваат и до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Исто така, во Агенцијата за администрација има посебно Упатство како да се достави барање за оглас за вработување, каде што мора да се наведе од која национална припадност се врши вработувањето.

Овие закони и постапки беа донесени за време на претходната власт.

За жал, сегашното законско решение и методологија ги форматира потребите за вработувања на начин кој го истакнува принципот на правична етничка застапеност и во самиот оглас. Министерството за култура ги поддржува заложбите на реформа на легислативата која ќе биде во функција на остварување на уставните принципи на еднаквост на сите граѓани на Република Македонија.

Според податоците, во овие сектори на Министерството за култура е постигната соодветна правична застапеност на албанската заедница. Воедно, би сакале да посочиме дека што се однесува до застапеноста на Албанците и нивната култура во политиките на оваа Влада, токму новата Влада и раководство на Министерството за култура ја прекинаа долгогодишната пракса на запоставување на културните потреби на оваа а и на другите немнозински заедници. По долги години користење на културата за создавање на поделби и нееднаков третман на различните заедници во културата, во Буџетот на РМ за културата во 2018 година се надминати многу од тие пречки и застои, како на пример со застојот во изградбата на Албанскиот театар во Скопје и Театарот и Библиотеката во Тетово, или за просториите и квалитетна програма на Музејот на албанската азбука во Битола, инвестираме во поправка на покривите и основната инфраструктура во објектите на културата, како и за достоинствени програми на институциите и многу проекти на уметниците и културните работници од немнозинските заедници“, се вели во реакцијата на Министрството за култура на соопштението на Движењето БЕСА.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање