Министерот за култура Асаф Адеми денеска по повод 21 Јуни – Денот на балканските египѓани, оствари работна средба со делегација од Египет на чие чело е светски познатиот археолог и амбасадор на културата на ООН Захи Хавас.
Во делегацијата, информираат од Кабинетот на министерот Адеми, се и Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму, член на високиот Совет за култура на Египет и Мухамед Ел Саиди новинар вработен во Дејли њу (Daily New Egypt) од Каиро, Египет.
Во рамките на посетата, гостите од Египет се запознаа и со работата на Музејот на Македонија, Археолошкиот Музеј, како и археолошкиот локалитет Стоби.