Министерот Алаѓозовски на форум на Иницијативата „16+1“ во Кина

Од:

Делегација на Министерството за култура на Република Македонија, предводена од министерот Роберт Алаѓозовски, престојува во еднонеделна посета на Народна Република Кина, каде што ќе учествува на Третиот форум за соработка меѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16+1).

Предвидени се и официјални средби на министерот Алаѓозовски со кинескиот министер за култура, Луо Шуганг, како и со други високи претставници на земјата-домаќин и со министрите од другите земји членки на Иницијативата, соопшти Министерството за култура.

– Се очекува на годинашниот Форум да се направи значаен исчекор за унапредување и конкретизирање на соработката меѓу овие земји, преку усвојувањето на Декларацијата за културна соработка и Двегодишната програма за соработка за 2018-2019 меѓу НР Кина и ЦИЕ. Покрај тоа, со усвојувањето и потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за култура на земјите од ЦИЕ и НР Кина, ќе се воспостави Координативен центар за културна соработка на заедничката иницијатива. Македонија се надева дека и формално ќе биде прогласена за домаќин на Центарот, за што веќе доби поддршка од сите земји членки на Иницијативата „16+1“, соопшти Министерството за култура.

Целта на Иницијативата на НР Кина со процесот „16+1“ е да ја интензивира и прошири соработката со 11-те земји членки на ЕУ и петте балкански земји во областа на инфраструктурата, трговијата, инвестициите, транспортот, земјоделството, финансиите, науката, образованието и културата, што ќе овозможи внатрешен развој на земјите, регионална поврзаност и поголема соработка во насока на забрзан економски развој, наведува Министерството за култура во соопштението.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ