Министерот Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентна оперска куќа.

Од Министерството за култура соопштија дека Адеми, заедно со претставници на Министерството овој ексклузивен настан го проследил на лична покана од директорот на Виенската државна опера, Доминик Мејер, со кого остварил и работна средба.

На средбата со директорот на една од најзначајните оперски куќи во светот, министерот за култура Адеми разговарал за можностите за соработка меѓу оваа реномирана културна институција и националните установи од Република Македонија.

Во рамките на престојот во Виена, министерот за култура Адеми се сретнал и со светски познатиот виолинист Шкелзен Доли, кој е член на Виенската филхармонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат