Милчо Манчевски одржа предавање во Бразил

Од:

Музејот на човекови права Меркосур во Бразил беше домаќин на предавањето на Милчо Манчевски. Посетителите имаа можност да го погледнат „Пред Дождот“, а потоа присуствуваа на предавање и разговор преку видеолинк на тема „Човековите права низ филмскиот објектив: Разговор со Милчо Манчевски“.

Настанот е поддржан од повеќе институции, меѓу кои Лигата за човекови права и Катедрата за етика и образование за човекови права на државниот Универзитет „Рио Гранде до Сул“ и „Меркосул“ Музејот на човекови прави во Бразил, Католичкиот Универзитет и Движењето „Либердаде Ливре“ во Португалија.

Разговорот го водеа професорката Џанкарла Брунето и Николас Фон Мота, Марцио Таварес дос Сантос, директор на Музејот.

„Пред дождот“ минатата година беше издаден на ДВД во Бразил, а кога првпат играше во оваа јужноамериканска земја, освои награда за најдобар филм на фестивалот во Сао Пауло, а беше меѓу најпопуларните филмови во Бразил.

Манчевски досега има гостувано и одржано предавања на повеќе од 30 универзитети низ светот. Минатата година гостуваше на Рускиот државен универзитет за кинематографија ВГИК, со педагошко-продукциски проект, а од Советот на универзитетот му беше доделен почесен докторат.

Филмовите на Манчевски се вклучени во наставните програми на над 100 универзитети.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он