Милчо Манчевски на академска турнеја во Германија

Од:

Македонскиот режисер Милчо Манчевски изминатиов период имаше академска турнеја во Германија.

Манчевски беше главен говорник со чие предавање се отвори големата меѓународна научна конференција посветена на истражување на сценариото, на германскиот државен Универзитет Бабелсберг Конрад Вулф во Потсдам, Берлин.

На оваа конференција учествуваа врвни научници од Европа, САД, Австралија и Јужна Америка, а фокусот беше истражување на врските меѓу сценариото и режијата во работата на филмските автори.

На Универзитетот Бабелсберг Конрад Вулф е најголемата филмска школа во Германија, која годинава слави 60 години и е дел од големите филмски студија Бабелсберг. Манчевски таму одржа и екстензивна повеќедневна работилница на тема Естетиката и практичното во режисерската работа со актери.

На Универзитетот во Билефелд, пак, на кој е најголемиот германски факултет за социолгија, Манчевски одржа предавање во серијата на тема Чувства и разум во филмот. Предавањето беше за студентите на факултетите за литература, уметност, медиуми и социологија, при што беа прикажани и неговите филмови „Пред дождот“ и „Мајки“.

Манчевски досега предавал на бројни универзитети, фестивали и кинотеки во светот. Ја води катедрата за режија на постдипломски студии на Универзитетот на Њујорк, прогласен е за почесен доктор на науки на државниот Филмски Универзитет ВГИК во Москва каде и предаваше, а предавал и на универзитетите Кембриџ, Браун, Јеил, Чикаго, ФДУ Белград, како и во кинотеките на Виетнам, на Болоња, на фестивалите во Гоа, Индија, Трст, Италија и Борнумт, Велика Британија и многу други.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он