„Метод“ од Жорди Галсеран на репертоарот на Народен Театар Охрид

Од:

Најпоставуваниот современ шпански текст „Метод“ (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Режија е на Ирена Стеријовска, а во претставата играат Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов.

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија.

Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на „големата слика“ и го поставува прашањето колку голема е всушност „големата слика“? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса, вели Ирена Стеријовска.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“