Меѓународни успеси на кривопаланечките млади пијанисти

Од:

Во конкуренција на седумдесетина учесници од повеќе балкански држави, осумгодишниот Михаил Митовски од Крива Паланка го освои второто место во дисциплина соло-пијано на седмиот Меѓународен натпревар „VIVAPIANO“ што се одржа во Софија.

Михаил Митовски е дел од класата на проф.Лариса Жулина Митовски паралелката за основно музичко образование при основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.

– Успесите не доаѓаат случајно, Михаил и останатите млади музички таленти кои викендов пожнејаа бројни признанија се исклучително посветени, истрајни и силно мотивирани, па оттука и задоволството да се биде ментор на истите. Наградите се само стимул да продолжиме со нови сили кон нови успеси, рече Жулина Митовски.

Покрај настапите и награди во Софија, на третиот Меѓународен натпревар „Полихимниа“ во Скопје викендов Леон Јанковски и Теодор Смиљков го покажаа својот максимум во категоријата дует пијано и освоија прва награда, а наградени на второ место се дуото Ивана и Ивона Петковски.

На 56. Регионален натпревар за ученици по музика од основно музичко училиште во организација на Музички и балетски педагози, кој се одржа во Скопје на 1 април 2018, учениците од паралелката за основно музичко образование при основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка од истата класа, во дисциплина пијано (соло) освоија високи резултати: Михаил Митовски, Леон Јанковски и Маја Тасевска се првонаградени, додека Сара Стојановска освои втора награда.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска