Меѓународна научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“

Од:

Меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде отворена во Куршумли ан. Конференцијата се одржува по повод 40 години од основањето на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Како што е најавено, на отворањето ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за образование и наука Мила Царовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, директорот на Институтот за македонска литература проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и амбасадорот на Република Словачка во земјава Хенрик Маркуш.

Предвидена е промоција на монографијата „The Ethical and Axiological Aspects in the Literature and the Culture of the 20th and 21st Centuries“. Промотор на делото е проф. д-р Ана Мартиноска.

Конференцијата ќе се одржува денеска и утре на отворен простор во Скопје и онлајн, согласно со состојбата со пандемијата Ковид-19. Конференцијата е поддржана од Министерството за образование и наука, Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје и Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска