Во соработка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и „Охридско лето“, вечер во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се отвори меѓународната графичка изложба Ex Libris.
На изложбата учествуваат 45 автори од повеќе држави и домашни автори со повеќе од 80-тина дела. Изложбата досега беше отворена во галеријата на Отвореното графичко студио при Музејот на Град Скопје и во галеријата при Националниот театар во Гевгелија.
Според ДЛУМ, поставувањето на ваков вид графичка изложба од меѓународен карактер е од огромно значење за нашата графичка сцена имајќи предвид дека се работи за реномирани автори – графичари од Аргентина, Бразил, Индија, Словачка, Египет, Србија, Бугарија и Македонија.
Добитник на Гран при на ова прво издание на Ex Libris Скопје е Десислав Гечев од Бугарија со делото „Искушение“. а