Mеѓународен тетарски фестивал „Отело“ од 3 до 8 ноември во Гостивар

Од:

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар од 3 ноември до 8 ноември ќе се одржи Меѓународниот театарски фестивал „Отело“. На отворањето ќе биде изведена претставата „Надвор паѓа снег“ на Тетовскиот театар во режија на Ќендрим Ријани, која е надвор од натпреварувачката конкуренција. Ќе бидат изведени шест претстави.

Здружението за култура „Отело“, кој е организатор на Фестивалот, денеска ја најави програмата и ги претстави учесниците на годинешното издание.

– Оваа година успеавме да обезбедиме учество на повеќе театри од Балканот со што на театарската публика ќе ѝ овозможиме да проследат претстави на повеќе јазици и во повеќе жанрови. Изборот го направи селекторот Ќендрим Ријани и како организатори сметаме дека фестивалот е издигнат на повисоко ниво со оглед на фактот дека во изведбите на преставите се ангажирани над 140 театарски работници, рече Берат Салиу, продуцент на фестивалот.

Во рамки на Фестивалот, кој ќе заврши на 8 ноември, секоја вечер ќе се изведува по една претстава.

Љубителите на театарската игра од понеделник до петок ќе можат да ги видат и преставите: „Ај Кармела“ на воениот театар САРТР во режија на Роберт Рапоња, „Злосторство на 21 век“ на Народниот театар „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ од Велес во режија на Владимир Милчин, „Петте доба на народниот непријател“ на Мултимедијалниот центар од Приштина во режија на Блерта Незирај, „Раѓање на Барбара“ на народниот театар од Бурса-Турција во режија на Ече Окај и „Ширли Валентина на театарот „Александар Мојсиу од Драч во режија на Дриада Дервиши.

Фетивалското жири ќе додели четири награди: најдобра претстава, најдобар режисер, актер и актерка, кои ќе добијат признание и паричен износ. Фестивалот, финансиски е поддржан од Министерството за култура, Телеком и општините Гостивар и Врапчиште.

Сите претстави почнуваат од 19 часот, а последната вечер на 8 ноември ќе бидат доделени и наградите за најуспешните.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“