Меѓународен поетски фестивал „Поетски искри“ во Гостивар

Од:

Гостивар во претстојниот викенд ќе биде домаќин на поети и љубители на пишаниот збор од земјава и други држави во рамки на петтиот Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“. Подготвките се при крај и првиот град на Вардар ќе биде место на еден голем поетски настан што долго ќе се памети, велат од организацискиот одбор на фестивалот.

Официјалната програма на прес-конференција ја најавија претставниците на фестивалот, Центарот за култура „АСНОМ“ од Гостивар и културното здружение „Дунек“.

– Можеби навистина е мал јубилеј, но ние сме горди што успеавме да дојдеме до оваа петка. Иако, како фестивал сме млади по години, сепак се докажа дека сме доволно силни да го привлечеме вниманието на домашната и на балканската поетска јавност, рече Љупка Антеска, координатор на фестивалот.

Годинава на конкурсот се пријавија околу 100 автори, а песните ги оценуваше жири во состав Раде Силјан (претседателИ и Габриела Петроска и Васфије Билали Ејупи (членови).

– Жири комисијата избра 12 финалисти кои ќе се претстават во сабота во Гостивар и се влезени во трка за наградите. Фестивалот доделува Гран-при, прва, втора и трета награда, награда за најдобар странски автор и најуспешна млада искра. Наградите се состојат од плакети и книги, рече Вјолца Бафтиу Зулебеари од Центарот за култура.

Организаторите информираа дека е испечатена и заедничка збирка во која влегоа 30-ина поети избрани од жирито.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи в сабота, 26 мај, од 12 часот во Центарот за култура „АСНОМ“. Фестивалот се одржува во чест на Денот на словенските просветители Ќирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот