Од денеска до 19 јуни Гевгелија ќе биде домаќин на традиционалниот меѓународен натпревар за млади пијанисти кој во организација на професорот Глигор Гелебешев се одржува под покровителство на општина Гевгелија.
Во претстојните три дена над стотина деца од Србија, Бугарија, Турција и Македонија во женска и машка конкуренција ќе се натпреваруваат за титулата најдобар млад пијанист во шест категории поделени според возрасните граници.
Во секоја категорија учесниците ќе се натпреваруваат по одредена минутажа со изведби според слободен избор. Нивните настапи ќе ги оценува жири комисија составена од еминентните професори по пијано Милица Шперовиќ-Рибарски од Македонија, Емилија Канева од Бугарија и Маја Кастратовиќ од Србија.