Meѓународен фестивал за класична гитара

Од:

Во Скопје во наредните три дена ќе се одржи Интернационалниот натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студенски категории, како и мастер часови насловен „Тремоло“- П.С. „Гитар фест“.

Членови на жирито на фестивалот, чии организатори се Детскиот културен центар – Карпош и Град Скопје, ќе бидат светски прочуените гитаристи Морана Пешутиќ и Саша Дејановиќ од Хрватска, Срѓан Тошиќ од Србија, Столина Добрева од Бугарија и  Дарко Багески и Борче Наумовски од Македонија.

За победниците на фестивалот се предвидени награди, а скопската публика ќе може да проследи три концерти во Културно информативнот центар што ќе се одржат во рамки на фестивалот.

Денеска концерт ќе одржи Саша Дејановиќ од Хрватска, утре Бојан Дојчев од Бугарија, а задутре ќе концертираат победниците од сите категории на фестивалот. Влезот за сите три концерти е бесплатен. 

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска