„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

Од:

Во Пустец утре ќе се одржи фолклорен фестивал „MEET Преспа” со учество на фолклорни групи од Албанија и Северна Македонија, објави Општина Пустец.

-Сите се поканети и добредојдени на овој значаен прекуграничен фестивал – настан што ја обединува традицијата, музиката и народните ора на различните краишта од Преспа, Албанија и Северна Македонија, стои во објавата.

Во празнична атмосфера, се додава, ќе се промовира културното наследство и прекуграничната соработка.

Настанот го организира Општина Пустец во соработка со општините Девол, Колоња, Поградец и Ресен, организацијата Гео-екологија“ а со поддршка на Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.

Според општина Пустец, фестивалот, кој почнува во 18 часот, на плоштадот “Гоце Делчев”, е дел од иницијативите за развој на културниот туризам и истакнување на природните и етнографските богатства на Преспанскиот регион.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Панди Јани обвини за изборен инженеринг во општина Пустец, Колефски ги негира обвинувањата